Екипата на Лајпциг е освојувач на Купот во Германија, откако во драматичен меч, дури по подобро изведување на пенали го победи Фрајбург. Фудбалерите на Фрајбург дефинитивно има за што да жалат во ова финале, затоа што водеа со 1:0 на полувреме, а од 57 минута играа и со фудбалер повеќе по исклучувањето на Халстенберг.
Лајпциг и со играч помалку успеа да израмни преку Нкунку во 76 минута за 1:1 по 90 минути, па мораше да се играат дополнителни 30 минути. Во продолженијата, Фрајбург имаше неверојатна шанса да поведе со 2:1, но Демировиќ промаши од позиција од која е полесно да се погоди.
Во пенал рулетот, фудбалерите ја Лајпциг беа непогрешливи и ги погодија сите четири удари, додека играчите на Фрајбург од четири шута, два пати промашија и тоа Гунтер и Демировиќ.