Фрајбург за џабе гради стадион од 80 милиони евра – Нема ноќни мечеви и ќе има викенд рестрикција

Фрајбург гради нов стадион што ќе чини околу 80 милиони евра, но уште на почетокот доби силен удар од судот во Баден Вуртемберг.

На барање на локалните жители донесена е одлука да не смеат да се играат ноќни мечеви на новиот стадион на Бундеслигашот, а забраната се прошири и на речиси сите термини, што се стандардни за германското првенство, освен саботниот од 15.30 часот.

Жителите се побунија дека ќе им се поремети мирот, па судот пресуди во нивна корист и сега планот на Фрајбург конечно да се пресели на нов стадион донесоа големо разочарување.

Клубот игра на „Шварцвалд“ арена од 1954 година, а капацитетот е 24 илјади места. Сега се гради во близина на Мосвалд, но бунтовните жители стравуваат од буката што ќе ја прават околу 35 илјади луѓе, колку што е планираниот капацитет на новиот стадион на Фрајбург, вреден околу 80 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести