Франк де Бур потпиша повеќегодишен договор со Атланта јунајтед, шампионот од МЛС-лигата. Холандскиот стратег е повторно активен откако доби отказ од Кристал палас на почетокот од минатата сезона. Де Бур издржа само седум натпревари, на кои нареди седум порази без неговиот тим да постигне гол. На кормилото на „орлите“ седеше само 77 дена.
Исто така, не се задржа ниту на клупата на Интер во сезоната 2016/17, каде што по 85 дена, доби отказ поради лоши резултати. Успех памети од времето кога го предводеше Ајакс, освои четири последователни титули во холандската лига од 2011 до 2014 година.
Сега го чека нов предизвик, реално тежок поради што неговата Атланта е бранител на титулата во МЛС-лигата, па секако ќе му биде задача да го одбрани трофејот. Де Бур го замени Taта Мартино, првиот тренер во историјата на оваа франшиза.