Холандската легенда Франк де Бур нема намера да и се враќа на тренерска позиција. Барем засега, тој сака да ужива во животот, отколку да живее под стрес како фудбалски тренер.
Започна одлично како тренер на Ајакс, освои четири последовни титули, но потоа сè тргна надолу.
Интер, Кристал Палас, Атланта, па дури и како селектор на холандската репрезентација, никаде не успеа да оствари големи резултати, а последната работа ја имаше во Ал-Џазира во 2023 година.
„Никогаш не вели ‘никогаш’, но не сум воодушевен. Не ми недостига таа негативност. Станав дедо, повремено работам за УЕФА, се појавувам и на телевизија. Имам куќа во Шпанија. Многу играм падел и навистина сум среќен со мојот живот. Зошто би живеел под стрес како тренер“, изјави Де Бур.

