Франка и Морено останаа заедно – Дербито „Дела Мадонина“ е повеќе од фудбалска страст

Приказните за големото италијанско дерби меѓу Интер и Милан се многубројни, а фудбалската страст кога играат градските ривали на истиот стадион со две различни имиња е неверојатна.

Имаше и предвоени дербија и неверојатни пресврти од 4:1 до 5:6, а во различни периоди двете екипи имаа свои моменти на доминација.

Една од многубројните приказни која ја отсликува страста на дербито на Милано, или популарната „Дела Мадонина“ е за Франка и Морено.

Љубовта на младиот пар од Милано беше сериозно загрозен во 1977 година. Договорот е ќе има брак ако победи Интер. Франка е голем навивач на „нераѕурите“ и има право на избор. Триумф на нејзиниот тим значи брак со љубовта на својот живот, Морено. Момчето е страстен симпатизер на Милан и триумф на неговиот миленик значи дека ќе треба да си ја побара среќата со друга девојка.

Мечот заврши без голови, а Франка и Морено останаа заедно, како што Интер и Милан и нивните навивачи имаат многу заеднички работи. Страста кон фудбалот, огромната љубов кон своите клубови, заеднички стадион, богата историја и колекции од трофеи.

Вечер од 20,30 часот се почнува одново, на ред е 299. дерби „Дела Мадонина“, а победниците долго ќе слават успех над вечниот ривал. За поразените останува некоја нова шанса да се биде главен во градот Милано.

- Оглас -

Најнови вести