Франко Барези стана симбол на Милан благодарение на Интер!

Некогашниот директор на Милан, Адријано Галијани, по повод 60-тиот роденден на легендарниот капитен на Росонерите, Франко Барези, рече дека Барези кога имал 14 години, бил на проба во Интер, но го одбиле како недоволно талентиран.

„Франко е вечен симбол на Милан, а мислам дека треба и да му се заблагодариме на Интер што го одбија на аудиција кога тој имал 14 години и наместо Франко, го земале брат му Бепе. Наша среќа. Барези беше неверојатен, не сум видел друг дефанзивец кој знаеше толку добро да ја хармонизира последната линија и да постави офсајд замка. Гледаше подобро од судиите, имаше идеален тајминг. Никогаш не добивме понуда за него, другите знаеја дека во тоа време никој од Милан не беше на продажба. Ги продававме само тие кои сами бараа да си заминат“, вели Галијани.

Барези во тандем со Паоло Малдини заедно играа на 196 меча, а Милан прими само 23 гола. Барези играше за првиот тим на Милан од 1977 до 1997 година. Во седумгодишен период од 1988 до 1995, како капитен на Милан, играше дури пет финалиња на ЛШ, а трипати се искачи на европскиот кров.

- Оглас -

Најнови вести