„Франс фудбал“ нема дилеми: На „Бомбонера“ има најсилна атмосфера, „Малата Маракана“ е на четврто место

Култната „Бомбонера“ во Буенос Аирес ја има најсилната фудбалска атмосфера на светот, а особено уживање е кога во домот на Бока јуниорс ќе пристигне вечниот ривал Ривер плејт во популарното Суперкласико, објави „Франс фудбал“.

Реномираниот фудбалски магазин ги рангираше стадионите со најдобра атмосфера во светот на најважната споредна работа, а по амбиентот што го креираат навивачите на Бока јуниорс, следува купот на „Енфилд роуд“, каде што се сместени бучните навивачи на Ливерпул.

Зад нив е неверојатниот Жолт ѕид што на „Вестфален“ го формираат симпатизерите на Борусија Дортмунд, а зад нив се фановите на Црвена ѕвезда, кои прават спектакли на „Малата Маракана“, како што е познат стадионот Рајко Митиќ во Белград.

Вистинско уживање ве чека и на Селтик парк во Глазгов, кој е дом на шкотскиот великан Селтик, а во Топ-10 следуваат и „Монументал“ на Ривер плејт, „Водафон арената“ на којашто игра Бешикташ, „Караискаки“ на грчки Олимпијакос, „Сан Мамеш“ во Билбао, кој е дом на Атлетик, и вистинската „Маракана“ во Рио де Жанеиро, домот на Фламенго.

 

- Оглас -

Најнови вести