8330 Полска- Франција (Кошарка, Полуфинале на ЕП, 17.15 часот)
Франција на двапати на невиден начин се спаси од елиминација, и на дуелот со Турција во осминафиналето и потоа со Италијанците во битката за полуфинале.
Триколорите играа продолженија и на двата меча, а интересно е што постигнаа по 77 поени во регуларниот дел и со Турција и против Италија.
Сега се фаворити против Полска, а интересно е што имаат биланс од 3:0 во меѓусебните дуели и никогаш не постигнале над 75 поени против денешниот ривал.
Полска го изненади европскиот првак Словенија и со победа од 90:87 приреди сензација за полуфинале.
Слаба страна им е дефанзивата и против фаворитите, Србија и Словенија примаше многу кошеви, па типуваме дека и Франција ќе им даде над 83 поени.
Предлог тип: Т2>83.5 поени (1.88)
8008 Германија – Шпанија (Кошарка, Полуфинале на ЕП, 20.30 часот)
Шпанија има многу подобар биланс во меѓусебните натпревари со Германија, но сега е во ретка ситуација да не е е фаворит против нив.
Црвената фурија води со убедливи 9:3 во дуелите со Германците, кои имаат голема предност да играат на свој терен во „Мерцедес-Бенц арената“ во Берлин.
Шпанците се извлекоа во осминафиналето против Литванија и славеа по продолженија, а и Финска потоа им зададе многу проблеми.
Германците ја декласираа Грција за пласман во полуфиналето, а играат брза и атрактивна кошарка, па типуваме дека ќе има над 170 поени на второто полуфинале на ЕП.
Предлог тип: >169.5 поени (1.84)
1801 Мајнц – Херта (Бундеслига, Германија, 20.30 часот)
Мајнц е единствениот тим што не постигнал гол на домашен терен на почетокот на новата сезона во Бундеслигата и тоа го загрижува тренерот Бо Свенсон.
Играат одлично на гости, но на својата „Мева арена“ имаат пораз, реми и гол-разлика 0:3.
Сега имаат одлична шанса да го разбијат малерот и да постигнат и гол и да победат бидејќи им гостува екипа против која немаат пораз на шест меча по ред.
Херта постојани е во криза во последните неколку сезони, а лани се спасија од испаѓање со триумф во бараж двомечот против Хамбургер.
И во овој циклус се скромни и типуваме дека нема да победат во Мајнц.
Предлог тип: 1Х&2+ (1.45)
3001 Салернитана – Лече (Серија А, Италија, 20.45 часот)
Салернитана ја почна новата сезона во Калчото со пораз и оттогаш блеска и нанижа пет меча без неуспех.
Тимот од Салерно во таа низа ремизира со гигантот Јувентус, вреден е и нерешениот резултат во Удине против Удинезе, а победена е Сампдорија.
Домаќините се во подобра форма од Лече, тим кој ја почна сезоната со три порази и три нерешени дуели.
Лече сè уште чека прва победа, а ги храбри традицијата, која покажува дека немаат пораз на последните пет меѓусебни дуели со Салернитана.
И двете екипи знаат да одиграат „икс“, Салернитана има четири нерешен на шест меча, Лече три од шест и типуваме дека победник ќе нема и денеска во Салерно.
Предлог тип: Х (3.30)
1301 Валјадолид – Кадис (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)
Кадис има катастрофален почеток на сезоната во Ла Лига и нулите му станаа зашитен знак.
Имаат пет порази на пет меча и нула бодови, со катастрофална гол-разлика од 0:14.
Менаџерот Серхио успеа на чудесен начин да го спаси тимот од испаѓање во мината сезона, но сега ако загуби од Валјадолид, му следува отказ.
Ваквите дуели се меч со две острици бидејќи Кадис ќе игра со огромен товар и императив да не загуби, а нема квалитет да го издржи притисокот.
Валјадолид на „Зорилја“ е речиси непобедлив за екипи во негов ранг на квалитет, а Кадис е тука некаде, со тоа што е во катастрофална форма.
Типуваме дека домаќините нема да загубат на меч со најмногу три гола.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.56)