15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Франција – Мароко во три различни варијанти може да донесе добивка на тикет со квота 67.5

6851 Хофенхајм – Елверсберг (Пријателски меч, 14 часот)

Хофенхајм по еден месец пауза ќе одигра фудбалски меч, а полека ќе означи и старт на зимските подготовки пред јануарското продолжение на Бундеслигата.

Во финишот, односно пред стартот на Мундијалот со црна серија од четири порази и едно реми си го расипаа пласманот во најсилната германска лига, па сега ќе се обидат во вториот дел да не ги повторат истите грешки.

Елверсберг е третолигаш, но како играат не им бега пласман во популарната Цвајта, односно во Втората германска лига.

Со серија од четири победи и едно реми си направија убава залиха од 8 бода на врвот на табелата и со многу оптимизам го чекаат продолжението на првенството во Третата лига, исто така во јануари.

И двете екипи играат напаѓачки, оддамна не играле фудбал поради паузата за  Мундијалот, па очекуваме фудбалско гол-шоу.

Предлог тип: 4+ (2.14)

 

2431 Рапид Букурешт – Петролул (Прва лига Романија, 18 часот)

Рапид може да се пробие на третото место ако денеска го победи Петролул. Тимот од Букурешт имаше два сериозни тест-натпревари пред четири дена, кога играше и со Фиорентина и со Борусија Дортмунд и двапати загуби.

Пријателските натпревари со вакви две познати и силни европски екипи се драгоцено искуство за играчите на Рапид, кои останаа во ритам за продолжението на романското првенство.

Проблем за нив е што немаат многу успех против тимот од Плоешти во последно време, а на четири меча по ред не го победија Петролул.

Сепак, на секоја серија мора да ѝ дојде крај, а типуваме дека поквалитетниот домаќин ќе победи со решавачки гол(ови) во второто полувреме.

Предлог тип: Х-1 (4.10)

 

6857 Франција – Мароко (Полуфинале, СП Катар,20 часот)

Второто полуфинале во Катар е судир на два сосема различни концепти. Франција игра офанзивно и е меѓу најефикасните репрезентации на Мундијалот со 11 гола, а само еднаш не ја тресеа мрежата на противникот, и тоа против Тунис, кога и не им беше неопходна победа.

Мароко држи лекции во Катар како се игра одбрана и примија само еден гол. Само Канаѓаните успеаја еднаш да им ја затресат мрежата, што е подвиг ако се знае дека тоа не им успеа на четири европски гиганти, Хрватска, Белгија, Шпанија и Португалија.

И двете селекции имаат одлична атмосфера и силен тимски дух, па ова ќе биде меч на нерви, а ќе типуваме дека Франција ќе победи во меч со нерешен резултат по првото полувреме.

Предлог тип: Х-1 (3.80)

 

6784 Франција – Мароко (Полуфинале, СП Катар, 20 часот)

На пет меча што ги одиграа на Мундијалот, Мароканците само против Канада не добија жолт картон, што потврдува дека се борбена репрезентација што игра цврсто, честопати и остро.

Сега против себе ќе имаат голем фаворит и актуелен светски првак, а Франција има брзи напаѓачи како Мбапе, Дембеле, Гризман, што можат да им прават многу проблеми на Мароканците.

Во понудата со Специјалниот сингл на Sport Life може да се одигра која селекција прва ќе добие жолт картон, а ние ќе типуваме дека тоа ќе биде Мароко.

Предлог тип: Прв жолт картон Мароко (1.50)

 

6775 Франција – Мароко (Полуфинале, СП Катар, 20 часот)

Интересен тренд имаат Французите во Катар, кој вели дека првиот корнер им е таличен и досега победуваа кога изведуваа прв удар од аголот.

На четири натпревари, против Австралија, Данска, Полска и Англија, Гризман или Мбапе први изведуваа корнер и Триколорите на крајот се радуваа на победи.

Тоа не се случи само на мечот со Тунис, кога ривалот прв имаше можност да нафрли од корнер и Франција го загуби мечот.

Ова е неверојатен податок, што значи дека првиот корнер на мечот им ја крои судбината на актуелните светски прваци.

Досега Триколорите ретко калкулираа, освен на мечот со Тунис, кога за нив исходот не беше важен бидејќи веќе беа пласирани во нокаут-фазата.

Избраниците на Дидие Дешамп играат офанзивно, имаат моќни напажачки оружја, па иако е мал коефициентот да се одигра дека први ќе изведат корнер против Мароко, тоа е речиси сигурна варијанта.

Предлог тип: Прв корнер Франција (1.35)

 

 

- Оглас -

Најнови вести