Ривалството на фудбалска Франција со Аргентина ќе има нова епизода и тоа на олимпискиот турнир во машка конкуренција.
Во декември 2022, во финалето на Светското првенство во Катар, Аргентина ја совлада Франција за мундијалско злато, имаше и навреди и провокации на едни кон други фудбалери од овие земји, а сега овие селекции ќе се сретнат и во олимпиското четвртфинале.
Иако тимовите не се во најсилни состави, ни Французите ни Аргентинците нема да сакаат да загубат, бидејќи во прашање им е и гордоста. Тој меч ќе се игра на стадионот во Бордо.
Друг сигурен пар во четвртфиналето е Мароко – САД, а другите две двојки би требало да бидат Шпанија – Јапонија и Египет – Парагвај, но тоа дефинитивно ќе се знае подоцна вечерва.