1102 Њукасл – Лестер (21 ч.)
На домаќините им е доволно да освојат еден бод за да може и официјално да бидат промовирани како патници во Лигата на шампионите за следната сезона. Лестер е во опасност да испадне и очајно им треба победа, но речиси невозможно е да се бара тоа во дуел со Њукасл.
Се очекува отворен меч и напаѓачка игра од двете страни, па сигурно ќе има погодоци.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.80)
3629 Емполи – Јувентус (20:45 ч.)
Емполи е сигурен дека нема да испадне, и тоа многу благодарение на седумте освоени бодови во последните три кола. Сепак, кога се работи за дуелите против Јувентус, тука Емполи е немоќен затоа што традицијата вели дека Старата дама има 10 победи во последните 11 меѓусебни дуели.
Во една ваква ситуација, гостите сигурно се фаворити, но можно е Емполи да освои еден бод.
Предлог тип: Х2&2-4 (1.76)
1720 Ле Авр – Валенсиен (20:45 ч.)
Голем е влогот за овој дуел. Ле Авр е лидер во втората француска лига и со три бода вечерва сигурно ќе обезбеди место за настап во Прва француска лига за следната сезона.
Од друга страна, Валенсиен има само 39 бода и е во зоната за испаѓање, па мора да освојува бодови за да се спаси. Сепак, на ова гостување тешко дека Валенсиен ќе освои бодови ако се знае дека Ле Авр подготвува славење за пласман во Прва лига.
Предлог тип: 1&0-3 (2.15)
5251 Ел Даклех – Замалек (20:30 ч.)
Ел Даклех има само две победи во 14 меча на свој терен, па не е ни чудо што гигантот Замалек е фаворит за победа. Замалек нема шанси да се бори за титулата, но сепак е во борба за влез во африканската Лига на шампиони и затоа потребни се бодови.
Интересна е традицијата меѓу овие два тима. На последните шест средби секогаш имало од два до три погодоци. Дури трипати Замалек победувал со 2:1, а двапати било 1:1.
Предлог тип: 2-3 гола (1.87)
1958 Трабзонспор – Караѓумрук (19 ч.)
Две екипи коишто играат отворен фудбал. Често даваат, но и примаат голови, па сезонава имаат просек од над три погодоци на меч. Двата тима се сигурни на средината на табелата, немаат шанси за голем напредок, ниту да испаднат, па во еден ваков дуел без многу притисок може да се очекуваат погодоци на двете страни.
Предлог тип: ГГ3+ (1.78)