Франција доби силен отпор, Македонија веројатно ќе заврши на 15-то место на СП во ракомет

Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз од Франција со 25-32, а овој резултат значи дека тимот на селекторот Кирил Лазаров ќе финишира од 13-то до 16-то место (ако остане како во моментов ќе бидеме 15-ти) на конечната табела на Светското првенство на кое учествуваа 32 селекции.

Нашиот тим првенството во Вараждин го завршува со биланс од две победи, две нерешени игри и два порази.

Ова беше шести пораз во шесте меѓусебни дуели против Франција.

Во македонскиот тим најмногу голови дадоа Кузмановски со 8 и Митев со 4 гола. Иван Галевски кој е најмлад во македонскиот состав, имаше деби на сениорско СП и одбрани два шута од кои еден седмерец.

Најефикасни поединци кај фаворитот беа Мем со 8 и Ремили со 6 голови.

- Оглас -

Најнови вести