Франција е голем фаворит против Швајцарија, но дали знаете што вели традицијата

Франција е во поход да ги обедини светската и европската фудбалска титула. И според коефициентите во Sport Life, Галските петли се главни фаворити за златото на Европското првенство, но сепак таа улога на фаворит треба да се оправда на терен.

За Французите вечерва започнува нокаут-фазата, каде што нема право на грешка. Прв противник на избраниците на Дидие Дешамп е Швајцарија, селекција која не остави посебен впечаток. Во првото коло Швајцарија ремизира против Велс, кој беше убедливо елиминиран од Данска со 4:0. Во второто коло Швајцарија убедливо со 3:0 загуби од Италија, а само во последното трето коло победи, и тоа со 3:1 против Турција, репрезентација која е најслабо рангирана на првенството.

Швајцарците не покажаа некоја посебна игра, но сепак кога се работи за нокаут-фаза и еден меч, сите опции се отворени, посебно ако се знае билансот во меѓусебните средби против Франција. Овие две соседни земји на последните пет меѓусебни дуели, дури четирипати одиграле нерешено, и тоа трипати без голови, а еднаш било 1:1. Само во една ситуација Франција убедливо победи, и тоа со 5:2.

Французите и на ова ЕП не се многу убедливи и имаат две нерешени од три дуели. Дали сите овие показатели се најава за неизвесен меч и одлучување на победникот по дополнителни 30 минути, а можеби и на пенали, останува да видиме вечерва, од 21 часот, на Националната арена во Букурешт.

ПОСЛЕДНИ ПЕТ МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ

19.06.2016 Швајцарија – Франција 0:0

20.06.2014 Швајцарија – Франција 2:5

13.06.2006 Франција – Швајцарија 0:0

08.10.2005 Швајцарија – Франција 1:1

26.03.2005 Франција – Швајцарија 0:0

 

- Оглас -

Најнови вести