Франција е сардисана од повреди, но одигра пријателски натпревар за време на Мундијалот

Фудбалската репрезентација на Франција во вторникот со убедлива победа од 4:1 над Австралија ја започна одбраната на титулата, а до триумфот дојде без неколку клучни играчи, кои се повредени, додека за време на мечот се повреди и Лукас Ернандес.

Еден ден по натпреварот, селекторот на Франција, Дидие Дешамп, се одлучи на неверојатен потег и повторно ги изнесе своите играчи на теренот. Фудбалерите кои не добија шанса да заиграат против Австралија, одиграа пријателски натпревар против катарскиот тим Ал-Гарафа.

Франција на Мундијалот во Катар настапува без неколку клучни играчи кои се повредени, Карим Бензема, Пол Погба, Н’голо Канте, Преснел Кимпембе, Кристофер Нкунку, Мајк Мањан, а во вторникот се повреди и Лукас Ернандес, додека уште неколку фудбалери се жалат на поситни повреди.

Поради тоа, француските медиуми му се лутат на селекторот Дешамп зошто одлучил да одигра пријателски натпревар за време на Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести