Кошаркарската селекција на Франција го доби тешкиот дуел со Литванија со минимални 78:75, и така го задржаа максималкиот учинок и го осигураа местото во нокаут фазата. Литванците беа блиску со изненадување, меѓутоа во клучните моменти Триколорите на исуство дојдоа до посакуваниот резултат.
Франција тргна одлично и уште во воведните 10 минути оствари двоцифрена предност, која успеа да ја задржи сè до паузата. Расположените Де Коло и Фурние константно го полнеа кошот на Литванија, по што имаа и високи +17, негатива која Литванците потоа успеаја да ја стопат со неколку брзи напади, за во последните минути од мечот да дојдат до егал. Во крајно неизвесниот финиш победникот се одлучуваше во последниот напад, а Де Коло погоди за 78:75 на 15 секунди до крајот, поени кои на крај се покажаа како клучни за Французите.
Фурние (24) и Де Коло (21) комбинираа 45 поени, Батум беше трет двоцифрен играч кај францускиот тим со 12 поени. Кај Литванците најефикасен беше Валанчиунас со 18 поени и 8 скока, Калниетис заврши со 12 поени, а по 10 поени запишаа Григонис и Лекавичиус.