Франција го прегази Исланд, Норвешка се намачи со Египет

Франција го декласира Исланд со 31:22 и го искористи и киксот на Хрватска, па на два меча до крајот на втората фаза е блиску до полуфиналето на ракометниот Мундијал.

Со фуриозна игра од стартот, кога поведоа со 6-0, светските прваци не му дозволија на противникот да им се закани и да им ја загрози победата. Исланд успеа на почетокот на второто полувреме да намали на негатива од два, но не и да направи пресврт и подвиг. За нив шансите за настап во полуфиналето исчезнаа со поразот од Французите.

Порте и Ричардсон беа најефикасни кај француската репрезентација со по пет голови, а идентичен учинок кај поразената селекција на Исланд имаше Јонсон.

Во втората група, Норвешка со 32:28 го победи Египет, но стравуваше за бодовите до самиот крај. Расположени за голови беа Сагосен и Абелвик Род со по 10 погодоци во мрежата на голманите на Египет.

- Оглас -

Најнови вести