32.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Франција и БиХ победија, но и сочуваа сили за продолжението од кошаркарското ЕП

Репрезентациите на Франција и Босна и Херцеговина сосема очекувано славеа убедливи победи над Белгија, односно Кипар, на кошаркарското Европско првенство.

Французите ги добија сите четири периоди против Белгија за конечни 92-64 на мечот во Катовице, а кој е кој во европската кошарка помеѓу овие две репрезентации беше јасно уште пред почетокот на континенталниот собир.

Со само еден поен помала разлика, односно +27, заврши мечот помеѓу Босна и Херцеговина и Кипар во Лимасол. Босанците славеа со 91-64, а резултатот можеше да биде и далеку поубедлив доколку селекторот на БиХ не го одмараше најдобрите кошаркари во третиот период кој му припадна на Кипар со неверојатни 23-11. Останатите три четвртими им припаднаа на кошаркарите на Босна и Херцеговина со двоцифрена предност, 23-13, 24-13 и 33-15.

- Оглас -

Најнови вести