Франција синоќа во Милано за првпат во историјата успеа да добие официјален меч на гостување против Италија, а големиот триумф со кој Триколорите го освоија првото место во групата, им носи и шанса да избијат на чело на ранг-листата на ФИФА доколку Аргентина не го победи Перу во квалификацискиот меч за СП 2026.
Интересно е и дека последните четири меѓусебни дуели на Франција и Италија завршија со истиот резултат, 3-1.
Оваа серија почна на пријателски меч во 2016 година, кога Галските петли славеа со 3-1, а две години потоа, исто така во контрола, ги добија Аѕурите со 3-1. Италијанците вратија со победа од 3-1 во Париз во септември годинава, а синоќа Франција беше подобра со 3-1.