6916 Франција – Белгија (18:00)
Репрезентацијата на Франција е еден од главните кандидати за освојување на Европското првенство, па за очекување е дека ќе ја мине Белгија во осминафиналето, но во натпревар на којшто нема да има голем број погодоци. Двете репрезентации во групната фаза одиграа по три меча, на кои не беа постигнати повеќе од два гола, а и Франција и Белгија одиграа со нула до три гола и на пријателските натпревари пред Европското првенство, што значи дека и двете се во серија од по пет натпревари на кои нема повеќе од три погодоци.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.60)
6816 Португалија – Словенија (21:00)
Јасно е дека репрезентацијата на Португалија е голем фаворит за победа против Словенија и пласман во четвртфиналето на Европското првенство, но очекувањата за овој натревар се дека тој ќе биде ефикасен. Пет од последните шест натпревари на Португалија завршуваа најмалку со по три гола, а тоа не беше случај само на оној шокантен натпревар против Грузија, кој Кристијано Роналдо и другарите го загубија со 2-0.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.22)
3632 Шаулај – Кауно Жалгирис (18:00)
Понудата на клупската сцена ширум Европа е скромна, а еден од натпреварите кој ќе одигра денес е од првенството на Литванија, каде што се среќаваат екипите на Шаулај и Кауно Жалгирис. Очекувањата од овој натпревар се дека ќе има ефикасен фудбал, со оглед на тоа дека последните пет меѓусебни дуели на овие две екипи завршуваа најмалку со два гола, а четири од нив беа најмалку со по три гола.
Предлог тип: : 1-3I&1-3II (2.00)
5609 Боливија – Панама (03:00)
Репрезентацијата на Панама доколку сака пласман во четвртфиналето на Копа Америка, ќе мора да ја победи Боливија. Панама и САД имаат по три бода, но Панамците победија во меѓусебниот дуел со домаќинот, па со победа доцна вечерва ќе патуваат помеѓу најдобрите осум селекции во Јужна и Северна Америка. Боливија има два порази на турнирот со гол-разлика од нула дадени и седум примени голови, па јасно е зошто Панама е фаворит. Панама е во серија од четири победи против Боливија, која последен пат го победила денешниот ривал во 2008 година. Боливија во овој натпревар влегува со серија од пет порази по ред.
Предлог тип: 2 & Т2 2+ (2.07)
5610 САД – Уругвај (03:00)
Домаќинот на Копа Америка, САД, со поразот од Панама се доведе во ситуација и со победа над Уругвај да испадне, па очекувањата се дека ако ништо друго, гледачите ќе имаат можност да гледаат ефикасен фудбал. Уругвај одигра ефикасно на последните натпревари, на кои двапати имаше по четири погодоци, а еднаш дури пет, па вечерва против САД ќе може да играат опуштено и свежи да го чекаат четвртфиналето.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.50)