Франција и Романија штедеа сили и одиграа како што им одговара, реми без голови, со само еден шут во рамки на голот, што го упатија „триколорите“ и заедно одат во полуфинале.
Младите Романци се први во групата со 7 бода, колку што има и Франција, но со послаба гол-разлика, а настрада домаќинот на турнирот Италија.
Аѕурите се втора најдобра второпласирана селекција на турнирот, недоволно за пласман во завршницата и продолжување на битката за титулата. Италија освои шест бода и остана покуса за еден бод зад Франција, селекција која е единствена како второпласирана во трите групи што ќе игра полуфинале.
Претходно пласман во квартетот најдобри млади селекции на Стариот континент обебзедија и Германија и Шпанија.
Во последниот меч од фазата по групи, Англија и Хрватска ремизираа 3:3 и со по еден бод испаднаа од турнирот.