Франција или Португалија може да формираат „група на смртта“ на Еуро 2020

Ждрепката за групите на ЕП 2020 која треба да се одржи на 30 ноември во Букурешт може да донесе група на смртта во која една многу силна репрезентација ќе мора да испадне пред да почнат елиминациите.

Веќе се познати 20 учесници на ЕП, останатите четири ќе влезат преку Лигата на нациите на крајот на март, а некои селекции знаат и во кој град ќе играат и која група.

Светскиот шампион Франција ќе биде во вториот шешир и ќе биде најсериозна закана, исто како и актуелниот европски владетел Португалија. Доколку овие две селекции се паднат во иста група, во комбинација со Шпанија, Италија, Германија, Англија или Белгија од првиот шешир, ете таканаречена група на смртта. Украина е носителот кој сите ќе го посакуваат.

Македонија в петок во Нион чека ждрепка дали ќе биде домаќин и во евентуалното финале од Лига Д на Лигата на нациите против Грузија или Белорусија, откако претходно мора да го победиме Косово во полуфиналето.

ГРУПАТА Б НА ЕВРОПСКО ЧЕКА САМО УШТЕ ЕДЕН ЧЛЕН

На ЕП 2020, сигурно е дека Италија ќе биде во групата А, која се игра во Рим и Баку. Групата Б во Копенхаген и Санкт Петербург речиси е комплетирана и во неа се Русија, Данска и Белгија. Во групата Ц во Амстердам и Букурешт ќе играат Украина и Холандија. Англија е во групата Д во Лондон и Глазгов. Шпанија ќе игра во групата Е во Билбао и Даблин, додека Германците ќе бидат во групата Б во Минхен и Будимпешта.

- Оглас -

Најнови вести