Ракометната репрезентација на Франција забележа значајна победа над Хрватска од 34-32 на Европското првенство во Германија и дојде многу блиску до пласман во полуфиналето.
Возбудливото прво полувреме заврши нерешено, 18-18, а на стартот од второто „експертите“ се одлепија на +5. Хрватите постојано ја бркаа негативата, успеваа да дојдат до минус еден, но никако и да го направат завршниот чекор.
Финишот од мечот им припадна на французите кои знаеја како да ја сочуваат предноста и да дојдат до победата.
Французкиот реперезентативец Никола Карабатиќ влезе во историјата на европските првенства како најдобар стрелец во историјата, откако дојде до својот 289-ти погодок на 11-тиот континентален собир на кој учествува.
Франција сега има максимални четири бодови и со победа против Исланд следното коло може и теоретски да го обезбеди пласманот во полуфиналето. Хрватска останува на само еден бод, оној против Австрија кој го пренесе од првиот круг.