Француската фудбалска репрезентација се пласираше во полуфиналето на олимпискиот турнир, откако по голема борба, со 1:0 ја победи Аргентина. Жан-Филип Матета погоди во 7 минута за водство на Франција, а на крајот се покажа дека токму тој момент е и решавачки за победа на Галските петли.
Повеќе од 100 минути траеше ова дерби во четвртфиналната фаза, а по завршувањето на средбата, се случи мешаница, па и тепачка во која учествуваа фудбалери од двата тима.
Fight between Argentina & France pic.twitter.com/ncx8YsIGm5
— Toni (@Footballfan0088) August 2, 2024
Нередот потоа продолжи и во тунелот кој води кон соблекувалните.
Tempers flared in Bordeaux as hosts France knocked Argentina out in the quarter-final of the men’s Olympic football.
Jean-Philippe Mateta’s early goal was enough for Thierry Henry’s side, who thought they had doubled their lead late on through Michael Olise only for VAR to rule… pic.twitter.com/FEPw54r5ll
— The Athletic | Football (@TheAthleticFC) August 2, 2024
Во полуфиналето Франција ќе игра против Египет, кој по голема драма и дури по подобро изведување на пенали го победи Парагвај. По 90 минути беше 1:1, потоа немаше голови во дополнителните 30 минути, а на пенали Египет победи со 5:4.
Во второто полуфинале ќе играат Мароко и Шпанија.