20.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Франција ја „реши“ Германија за утешно трето место во ЛН (Видео)

Франција го освои третото место во Лигата на нации, откако во малото финале славеше над домаќинот Германија со 2-0.

Головите за „триколорите“ беа дело на Килијан Мбапе во 45-тата и на Мишел Олисе во 84-тата минута.

Германија може да жали, бидејќи во првото полувреме беше досуден пенал за нив, кој беше поништен после прегледување на ВАР снимката, а во второто полувреме беше поништен и голот на Ундав во 53-тата минута поради фаул во напад.

Во финалето од Лигата на нации во 21 часот ќе играат Шпанија и Португалија.

- Оглас -

Најнови вести