Франција ќе го брани златото од Токио, Норвешка подобра во скандинавското дерби

Репрезентациите на Франција и Норвешка се финалисти на женскиот ракометен турнир на Олимпијадата во Париз откако денес ги совладаа Шведска и Данска.

Домаќинот на Олимписките игри, Франција, по голема драма и продолженија од двапати по пет минути дојде до победата над Шведска со 31-28 откако мечот по регуларните 60 минути заврши нерешено, 25-25. Тоа значи дека Французинките ќе го бранат златото од Олимпијадата во Токио, кога во финалето ја совладаа Русија со 30-25.

Бронзената од претходните Олимписки игри во Токио, селекцијата на Норвешка, овојпат ќе има најмалку сребро бидејќи во полуфиналетого доби скандинавското дерби против Данска со 25-21 и ѝ се придружи на Франција во финалето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести