Фудбалскиот сојуз на Франција и Зинедин Зидан постигнаа првичен договор, па Триколорите ќе имаат нов селектор. Сепак, Дидие Дешан останува селектор за Светското првенство во САД, Канада и Мексико, а смената на клупата ќе се случи по Мундијалот.
Француската легенда во својата кариера беше тренер само на Реал Мадрид и јавно најавуваше дека има само две опции во неговата тренерска кариера, клупата на Кралевите и селекторското место во Франција, па сега желбата ќе му се оствари.
Зидан одби бројни понуди од најголеми европски екипи, а по пет години ќе се врати на тренерскиот занает, и тоа како селектор на репрезентацијата која ја предводеше во светската титула во 1998 година.

