Франција конечно ќе победи, и тоа со над 30 разлика, Црна Гора сака да го изненади фаворитот

Утринските возбудувања на светското кошаркарско првенство продолжуваат и денеска, и тоа со мечевите од третото коло во групната фаза. Денеска и утре треба да бидат решени сите дилеми околу патниците во Топ 16 фазата на Мундијалот.

Најголемото разочарување на турнирот, селекцијата на Франција, по двата порази, денеска треба убедливо да слави над Либан, а границата за хендикеп е дури на 34,5 поени. Италија за да биде сигурен патник во следната фаза, треба да се радува во дуелот со кодомаќинот Филипини, кој загуби во првите два меча.

Дуели кои директно ќе решаваат за првото место во групите се тие меѓу Црна Гора – Литванија и Канада – Летонија. Црногорците се надеваат дека ќе може да ја изненадат Литванија, но факт е дека овие две селекции лани играа во квалификациите и двапати победуваше Литванија.

- Оглас -

Најнови вести