Репрезентацијата на Франција досега успешна граби напред во мисијата да ја одбрани титулата светски фудбалски првак. Франција е првиот шампион кој следниот планетарен собир стигнал до финалето, по Бразил во 1998 година. Слдниот предизвик за Галските петли им е Мароко, селекција која испиша историја како прва африканска земја што ќе игра во полуфиналето.
Франција и Мароко досега одиграле пет дуели и сите биле пријателски, а европската селекција има три победи и две нерешени. Килијан Мбапе и другарите се фаворити за влез во финалето, но Мароко покажа дека не признава фаворити па во пет меча ниту еден противнички играч не им даде гол (имаат само еден автогол).
Во 92-годишната историја на Светските првенства, само два пати се случило една репрезентација да ја одбрани светската титула. Италија во 1934 и 1938 година беа прваци, а истото го повтори и Бразил предводен од Пеле кога на тронот беше на Мундијалите во 1958 и 1962 година. Сега, 60 години по подвигот на Кариоките, Франција се надева дека ќе го одбрани тронот.
На Мундијалот во Катар досега се одиграа 60 од планираните 64 меча. Вкупно се постигнати 158 голови, односно 2,63 погодоци во просек на меч. Овие 158 голови, само 12 се дадени со шутеви надвор од шеснаесетникот, што е само 7,5 отсто и најмал процент на погодоци надвор од казнениот простор во историјата на СП.
Килијан Мбапе со пет гола е прв стрелец, а зад него се Лионел Меси и Оливие Жиру кои по четири пати ја тресеа мрежата на противникот.
Англија се селекција коај по седми пат е елиминирана во четвртфиналето на планетарниот собир што е негативен рекорд за Гордиот Албион. За разлика од Англија, селекцијата на Франција по седми пат е дел од полуфиналето. За Аргентина ова е петто учество во полуфинале, Хрватска по трет пат е меѓу најдобрите четири во светот, а Мароко прв пат ќе игра во меч кој може да им донесе финале на Светско првенство.