Франција меле сè на патот кон полуфиналето на ЕП, на Црногорките не им е лошо ни со пораз

Женската репрезентација на Франција ја победи Црна Гора убедливо со 27:19 во меч меѓу двете непоразени селекции во втората група од втората фаза на ЕП.

Триколорките беа убедливи и со третата победа по ред и без пораз се на прагот на настап во полуфиналето на ракометниот шампионат.

https://twitter.com/EHFEURO/status/1591894619427868672?s=20&t=rtrKHENGxWJ3DURcyglvNw

Тие беа големи фаворитки и победија, а постојано во текот на мечот против Црна Гора имаа предност, па на крајот победата е и многу убедлива со 8 гола разлика.

Фопа со шест гола беше најдобра во редовите на победникот, а кај Црна Гора ист број голови даде поранешната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ.

Црногорките со биланс од две победи и еден пораз останаа втори фаворитки зад Франција за настап во полуфиналето, и тоа најмногу благодарение на ремито 29:29 меѓу Холандија и Шпанија денеска.

Тие две селекции имаат по три бода од четири меча, зад Франција со шест од три натпревари и Црна Гора со четири бода од три дуели.

По два бода од три меча имаат Германија и Романија, а само двете провопласирани селекции од групата ќе играат за медали.

- Оглас -

Најнови вести