До почетокот на Светското првенство остануваат само уште четири месеци, а секако дека еден од главните фаворити за освојување на тронот е Франција. Тоа е селекцијата која пред четири години иргаше во финалето против Аргентина, а пред осум години стигна до титулата на Мундијалот во Русија.
Селекторот на Франција, Дидие Дешан, ќе има „слатки маки“ да ги одбере патниците за настап на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Еден од оние кои очекуваат повик за настап на планетарниот собир е и Кристофер Нкунку. Напаѓачот на Милан има 18 настапи за Галските петли, а вели дека Франција е толку квалитетна, што може да направи три состави и сите подеднакво да бидат силни, па дури и да го освојат трофејот на СП 2026.
„Уште не зборуваме мнгоу за Мундијалот затоа што има уште три-четири месеци. Сега сум фокусиран да освојам трофеј со Милан. Франција има многу квалитетни фудбалери. Може да состави три репрезентации и со сите три би била конкурентна да го освои трофејот на Мундијалот. Многу добро се работи и со младите категории и затоа има нови квалитетни фудбалери“, рече Нкунку, кој го пропушти СП во 2022 година поради повреда.

