Карим Бензема би прифатил да игра за Франција на Олимписките игри во Париз летово.
Во својот список од 18-мина играчи кои ќе може да играат на олимпискиот турнир, селекторот Тјери Анри ќе има право да искористи тројца фудбалери над 23 години. Досега кружеа многу имиња, оние на Килијан Мбапе, Антоан Гризман, Оливие Жиру или Рафаел Варан, но селекторот сè уште не знае на кого може да смета бидејќи конечната одлука им припаѓа на клубовите со кои тие се под договор.
Реал Мадрид веќе и официјално ја извести Француската федерација дека нивните играчи нема да бидат пуштени на Олимпијадата, што би требало да го лиши Мбапе од олимпискиот сон доколку ѕвездата на ПСЖ се пресели во Реал ова лето.
Бензема, кој се повлече од репрезентацијата по финалето на СП во Катар во декември 2022 година, а последниот меч за Франција го одигра во јуни 2022, сепак пак би сакал да игра во Париз.
„Да играм на Олимписките игри? Зошто да не, се разбира би сакал, може да биде одлично“, вели 36-годишниот фудбалер на саудискиот Ал-Итихад.