Франција направи дури седум измени во финалето, како е тоа можно?

Во финалето на Светското првенство, Франција направи дури седум измени, а сето тоа беше во рамките на дозволените правила на ФИФА. Селекторот на Галските петли, Дидие Дешан, во 121-вата минута реши во игра да го внесе Аксел Дисаси на местото на Жил Кунде и тоа беше седми фудбалер кој од клупата за резерви на Франција влезе на теренот.

Првите две замени на Франција се случија уште пред крајот на првото полувреме, кога од игра излегоа Жиру и Дембеле во 41-вата минута. Потоа во 71-вата минута беа направени уште две замени и во игра влегоа Коман и Камавинга. Во 96-тата минута Форфан влезе на местото на Рабио, а Конате на теренот се појави во 113-тата минута.

Според правилата на ФИФА, еден тим може да направи пет замени во текот на еден меч, плус дополнително една замена доколку се играат продолженија. Седмата замена е направена поради правилото на ФИФА кое вели дека доколку еден фудбалер биде заменет поради повреда на главата, селекторот добива можност за уште една замена. Рабиот беше заменет во 96-тата минута поради потрес на мозокот, па затоа се отвори можност Дешан да направи и седма замена, и тоа во 121-вата минута од средбата.

- Оглас -

Најнови вести