Репрезентациите на Норвшка и Франција ќе играат во финалето на женското Светско ракометно првенство. Тоа значи дека и оваа година, исто како и пред две години на Светсото во Шпанија, истите репрезентации ќе се борат за златниот медал, а Франција ќе има можност за одмазда и шанса да ја симне Норвешка од тронот.
Првенството се одржува во Данска, Шведска и Норвешка, и она што е инетресно дека сите три земји домаќини играа во полуфиналето. Вистинска драма се случуваше на мечот помеѓу Данска и Норвешка, на кој данските ракометарки имаа предност цели 59 минути, но во последните моменти Норвешка стигна до реми, а потоа и до победа од 29-28 после продолженијата за ново финале.
На второто полуфинале помеѓу Шведска и Франција немаше многу драми. Французинките уште од самиот старт покажаа кој е фаворитот и најави дека повторно ќе игра во финалето. На крајот Франција победи со убедливи 37-28, иако неколкупати имаше двоцифрена предност.