Франција не е Словенија: Галските петли ја “згазија” Полска

Репрезентацијата на Франција е првиот финалист на Европското првенство во кошарка, откако без многу проблеми ја победи Полска со 95:54.

Французите поучени од киксот што го направи Словенија во дуелот против Полска, започна со цврста одбрана, па по првата четвртина резултатот беше само 15:9 за фаворитот.

На почетокот на втората четвртина Франција стигна до двоцифрена предност (22:9). Одбраната беше најголем адут на Франција и во вторите 10 минути, па Полска до полувремето постигна само 18 поени, а прими дури 34.

Во третата четвртина Французите го зададоа конечниот удар кога во 25 минута водеа со дури 27 разлика (52:25), па средбата до крајот беше само формалност.

Немилосрдни беа Галските петли кои стигнаа и до водство од 80:41, a во еден момент водеа и со 50 разлика 92:42.

Во финалето, Франција ќе игра со подобриот од Шпанија – Германија.

- Оглас -

Најнови вести