3.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Франција обезбеди место на СП 2026, Албанија ќе игра во баражот (Видео)

Репрезентацијата на Франција убедливо со 4:0 славеше над Украина во меч од квалификациите за СП 2026 и на тој начин Галските петли и официјално го обезбедија местото на завршницата на Мундијалот следната година. Домаќините дури во второто полувреме го скршија отпорот на Украина која Килијан Мбапе погоди од пенал во 55 минута и тој момент може да го видите ТУКА.

Од тој момент, па до крајот Франција немаше милост кон противникот и домаќините во последните 15-тина минути постигнаа уште три гола, па сега имаат вкупно 13 бодови од пет меча, дури шест бодови повеќе од Исланд и Украина, на едно коло до крајот од квалификациите.

Албанија минимално со 1:0 славеше на гости кај Андора, а таа победа беше доволна за да ја обезбедат втората позиција во квалификациите и официјално да бидат дел во плејофот за пласман на Мундијалот 2026.

Англија со 2:0 славеше над Србија и ја продолжи перфектната низа од седум победи во седум средби. Сака и Езе погодуваа за Гордиот Албион кој сега има и неверојатна гол-разлика од 20 дадени и ниту еден примен гол.

Италија со 2:0 славеше на гости кај Молдавија, но тоа не значеше многу за Аѕурите кои ќе бидат втори во групата и ќе мора повторно да играат бараж за СП 2026. Со 2:0, но на домашен терен Ирска славеше над Португалија.

 

- Оглас -

Најнови вести