6718 Франција – Азербејџан (20.45 часот)
Ова е меч од група која е „назад“ со квалификациите и одиграни се само две кола, но оваа група има само четири тима и Французите се големи фаворити за првото место кое води директно на СП 2026. Франција победуваше на првите два меча, на Украина и Исланд им даваше по два гола. Азербејџан беше разбиен со петарда од Исланд, но ја шокираше Украина, против која одигра нерешено. Азербејџанците еднаш (пред 30 години) гостуваa кај Франција и загубиja со катастрофални 0-10.
Предлог тип: Т1 3-4 (2.45)
6908 Исланд – Украина (20.45 часот)
Тука станува збор за клучен меч за Украина, која има само еден бод по две одиграни кола и нема друг избор освен победа ако сака да биде барем втора во групата во која прв фаворит е Франција. Од друга страна, Исланд со победа би решавал за првото место на свој терен против Франција. Ситуацијата наложува да нема калкулирање и тоа е предуслов за ефикасен меч. Последниот меѓусебен дуел го имаа лани, во баражот за ЕП 2024, и победи Украина со 2-1.
Предлог тип: Х2 & ГГ (2.45)
6909 Косово – Словенија (20.45)
По два меча, Косово има три, а Словенија само еден бод. Нашите соседи со победата над Шведска покажаа дека знаат да бидат опасни, а мотивацијата кај Словенците ќе биде на високо ниво затоа што ова им е последна шанса да фатат приклучок кон лидерот Швајцарија, која има 6 бода и гол-разлика 7-0. Словенија прими пет гола на двата меча, а Косово даде два гола. Словенија победи на своето единствено гостување во Приштина, во Лигата на нации во 2020 година.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.50)
6910 С. Ирска – Словачка (20.45 часот)
Словаците со победа би направиле огромен чекор кон СП бидејќи по две кола имаат две победи, од кои едната против Германија и уште не примиле гол. Северна Ирска победуваше и губеше со 3-1 и ова ѝ е вистинскиот тест за можностите. Ова се два тима кои одамна не одиграле нерешено, но нивниот последен меѓусебен дуел заврши со реми во регуларниот дел, па се играа продолженија. Проблем за гостите ќе биде неиграњето на Лоботка и Ханцко.
Предлог тип: Х пол. (1.93)
6911 Шведска – Швајцарија (20.30 часот)
Швајцарците по две рунди имаат веќе пет бода повеќе и Швеѓаните не смее да си дозволат нов пораз. Тим кој има напаѓачи како Ѓокереш и Исак (овие двајца немаат дадено гол во квалификациите) не смееше да си дозволи да даде само два гола во првите две кола. Сега против себе имаат силен противник, посилен од тие со коишто играа во првите два меча, а Швајцарија нема примено гол. Традицијата најавува неефикасен дуел, но последен пат играле во 2018 година.
Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.70)