Франција победуваше, победуваше и само победуваше, но остана без финале

Репрезентацијата на Шведска е на чекор од повторување на подвигот од претходното Светско првенство за ракометари кое се играше во Египет пред 22 години. Во 1999, Швеѓаните станаа светски прваци, а годинава ќе играат финале, откако вечерва во првото полуфинале ја совладаа фаворизираната Франција со 32-26.

Франција имаше седум победи на седумте меча досега на Мундијалот, но налетаа на расположените Швеѓани, и Триколорите го загубија најважниот натпревар кој им гарантираше медал и финале.

За Шведска ова е само втора победа во последните десет дуели против Франција. Французите не можеа да сметаат на ѕвездата Карабатиќ кој е повреден, и тоа се покажа како голем хендикеп за нив.

Ване со 10 гола беше јунак на средбата и прв стрелец, додека Петерсон придонесе со 6 гола.

- Оглас -

Најнови вести