Килијан Мбапе со два прекрасни гола и Оливие Жиру со еден, но рекорден во историјата на француската репрезентација, придонесоа за триумф од 3-1 над Полска, и ја одведоа Франција во четвртфинале на Светското првенство.
Мбапе е прв стрелец на Мундијалот во Катар со пет погодоци, а сега има вкупно девет голови на светските првенства, и тој е најмлад играч со толку многу голови во кариерата.
Франција по шести пат играше осминафинале и ја извојува шестата победа, додека полската ѕвезда Роберт Левандовски, го одигра својот последен меч во кариерата на светските шампионат. Тој даде гол од пенал во финишот, за ублажување на поразот.
Ова е голот на Мбапе за 2-0, кој ја запечати судбината на Полјаците: