Франција позајми 781 милиони евра на организаторот на Мундијалот во 2030 година

Светското првенство во фудбал во 2030 година ќе се игра во Шпанија, Португалија и Мароко. Неколку натпревари од овој Мундоијал ќе се играат и во Аргентина, Уругвај и Парагвај, со што ќе се одбележи 100-годишнината од првото Светско првенство кое во 1930 година се одигра во Уругвај.

Мароко кој е еден од ко-организаторите на Мундијалот се наоѓа во финансиски проблеми, па беше приморан да побара финанзиска позајмица, за да може да ги исполни барањата на ФИФА.

Франција реши да му помогне на Мароко и му позајми неверојатни 791 милиони евра како помош за организација на Мундијалот во 2030 година. Амбасадорката на Франција во Мароко потврди дека ќе има финансии за купување на 18 брзи возови. Тие возови ќе може да превезуваат 640 патници со брзина од 320 километри на час, со што ќе биде овозможен квалитетен и брз транспорт на навивачите за време на планетарниот собир.

- Оглас -

Најнови вести