Франција против Скандинавките, почнува битката за медали на ракометното СП за жени

Данска против Норвешка и Шведска – Франција се полуфиналните двојки на Светското првенство во ракомет за жени, а според квотите во Sport Life, фаворити се Норвежанките и Французинките.

Мечевите се играат во Хернинг во Данска, а Франција е единствената селекција која не беше домаќин на мечеви на овој Мундијал.

Дуелите на Данска и Норвешка се вистинска класика, мајка на сите дербија во женскиот ракомет, а тие се сретнаа и во финалето на ЕП 2022. Швеѓанките во последните години се одлични, а и тие и Фрацузинките ги добија сите мечеви досега на СП, па едниот тим ќе мора да се задоволи само со битка за бронза.

- Оглас -

Најнови вести