Франција со „втор“ состав ќе игра против Хрватска, а тоа е шанса за Коцкестите

6863 Хрватска – Франција (20:45 ч.)

Финалистите од последното Светско првенство ќе бидат на мегдан на Пољуд во Сплит. Во изминативе речиси 25 години, Хрватска и Франција играле вкупно осум пати, а Коцкестите немаат ниту една победа. Франција се радувала шест пати, а два меча завршиле нерешено.

Галсиките петли се со големи проблеми, па неколку стандардни првотимци ќе фалат. Ќе ги нема голманот Лорис, потоа Бензема, Мбапе, Канте, Варан, Коман, што секако е шанса за Хрватска да остане непоразена во овој меч.

Двете селекции лошо започнаа во Лигата на нации, откако Хрватска дома загуби од Австрија со 3:0, а Франција беше изненадена од Данска и загуби со 1:2.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.80)

 

6119 Исланд – Албанија (20: 45 ч.)

Исланд е во многу лоша низа и има само една победа во последните 13 натпревари, но реално Албанија е ривал против кој може оваа лоша серија да биде стопирана. Низ историјата, овие две селекции одиграле вкупно седум дуели и никогаш не боло нерешено. Исланд има четири победи, а Албанија се радувала три пати.

Ова се две репрезентации кои немаат силен напад, па не треба да се очекуваат многу погодоци.

Предлог тип: 1X&0-2 (2.08)

 

6707 Словачка – Казахстан (20:45 ч.)

Двете селекции почнаа со победи во Лигата на нации, но факт е дека Словаците се во улога на големи фаворити на оваа средба. Интересно е дека овие две репрезентации досега немаат играно меѓусебе, а реално е да се очекува лесна победа на домаќините.

Предлог тип: 1-1 (1.80)

 

6136 Андора – Молдавија (20:45 ч.)

Дуел на две репрезентации кои се дел од најслабиот ранг во Европа. Молдавија го победи Лихтенштајн на гости со 2:0, а Андора со 3:0 загуби кај Летонија, па реално е да се очекува дека „двојката“ е очекувана опција за овој дуел.

На последниот меч дома, Андора со 1:0 ја победи Молдавија, но факт е дека Молдавците имаат четири победи во шесте пресметки со овој ривал. На последните три меѓусебни средби имало само по еден погодок, што е најава дека треба да очекуваме „сиромашна“ пресметка со голови.

Предлог тип: 2 (2.00)

 

5151 Екваторијална Гвинеја – Либија (21 ч.)

Овие две селекции играа два пати во псоледниве година и пол и во двата случаи победи Екваторијална Гвинеја. Традиционално за африканскиот фудбал не треба да се очекуваат многу погодоци, па играта на голови треба да е добитна.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.79)

- Оглас -

Најнови вести