Франција треба да се вади против Црвените ѓаволи

6706 Франција – Белгија (20.45 часот)

Французите после поразот од Италија, не смеат да си дозволат нов кикс дома бидејќи така може да се доведат во ситуација да испаднат од Лига А во Лигата на нации, што за нив би било срам. Французите се во криза, тоа се виде и на ЕП, имаат проблем со реализацијата и можни се измени во составот, и критикуваните Мбапе и Гризман да се преселат на клупа. Белгија во првото коло немаше проблем со Израел и без притисок оди во Франција каде последен пат победи пред девет години ви пријателски меч.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.95)

 

6707 Израел – Италија (20.45 часот)

Италијанците се во добро расположение по триумфот над Франција кога направија пресврт, а во прилог им оди и што со Израел гостуваат на неутрален терен во Будимпешта, па Израелците само на хартија се домаќини, нема да имаат поддршка од трибините. Квалитетот е на страна на Италија која ќе биде без Калафиори кој се повреди во првото коло. И традицијата ги фаворизира Аѕурите, тие никогаш не загубиле од вечерашниот противник.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.03)

 

6120 Норвешка – Австрија (20.45 часот)

Норвежаните одиграа 0-0 на далечното гостување во Азербејџан, а Австријците ремизираа со соседот Словенија, па двата тима со по еден бод влегуваат во меѓусебна пресметка. Австрија е подобар тим од Норвешка, но екипата предводена од Халанд и Одегард, е домаќин и си има свои сметки. Австрија две години не знае за пораз на гости, а и го доби последното гостување во Норвешка.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (2.19)

 

6713 Турција – Исланд (20.45 часот)

Ова е дуел на два тима кои во првото коло од Лигата на нации не примија гол, а последниот нивен меѓусебен дуел во 2019 година заврши 0-0. Турците имаат серија од четири меча по ред без победа над Исланд. Рибарите имаат долга серија од десет дуели едноподруго без да одиграат нерешено. Турците тргнаа со реми против Велс, а Исланд ја победи Црна Гора.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.50)

 

6715 Романија – Литванија (20.45 часот)

После убедливото издание во Приштина против Косово, Романија не би смеела да ја пропушти приликата за уште една лесна победа, овојпат дома за задоволство на домашните фанови. Но, Романците сигурно нема да бидат толку мотивирани и тоа може да биде замка. Литванците во првото коло загубија дома од Кипар со 0-1, тешко дека вечерва може да дадат гол или да избегнат пораз. Последниот нивен дуел во Букурешт заврши 2-0 за Романија.

Предлог тип: 1 Двојна (2.40)

- Оглас -

Најнови вести