16.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

Франција тргна со победа кон СП 2026, Италија убедлива, Хрватска на „мускули“ против Фарските Острови (Видео)

Репрезентацијата на Франција со победа го отвори циклусот квалификации за пласман на Светското првенство 2026. „Триколорите“ со 0-2 славеа на гостувањето кај Украина со головите на Олис во 10-тата и на Мбапе во 82-рата минута.

За Французите ова првиот натпревар од квалификациите, бидејќи се најдоа во група од четири екипи.

Италија со убедливи 5-0 ја совлада Естонија во Бергамо, но она што може да ги загрижи Италијанците е фактот дека во првиот дел не успеаја да ја затресат мрежата на аутсајдерот иако упатија дури 17 удари кон противничкиот гол.

Хрватска на „мускули“ со минимални 0-1 победи на гостувањето кај Фарските острови со голот на Андреј Крамариќ во 31-вата минута и го задржа максималниот ефект по три кола во нивната квалификациска група.

Најубавиот погодок вечерва беше постигнат во Подгорица, а беше дело на чешкиот репрезентативец Лукаш Черв во победата на неговата репрезентација од 0-2 над Црна Гора.

Словенија и Шведска ремизираа, 2-2, во Љубљана, а без голови заврши мечот помеѓу Данска и Шкотска. Убедливи победи забележаа Грција над Белорусија (5-1), Исланд против Азербејџан (5-0), Израел на гости над Молдавија (0-4) и Швајцарија над Косово (4-0).

- Оглас -

Најнови вести