Франција го преброди лошиот ден против Бразил на премиерата за нив на Светското првенство, заигра како што знае и со 32:21 ја декласира Србија во последниот меч вечерва.
Србите држеа чекор во првото полувреме, имаа негатива од 3 гола, 12:15, но не издржаа докрај. За нив проблем беше и повредата на Зеленовиќ, за кого шампионатот е завршен, а згора на тоа и загубија убедливо од актуелниот светски првак.
Продолжението од мечот беше комплетно во знакот на Французите, го добија второто полувреме со 17:9 и освоија нови бодови во А групата.
Ремили и Фабрегас беа најефикасни кај победникот со по пет голови, а прв стрелец на мечот со шест погодоци беше српскиот репрезентативец Радивојевиќ. Србија има еден бод од ремито, 30:30 против Русија во првото коло.