Француска министерка и Косоварите му се нафрлија на Ѓоковиќ за пораката која ја напиша на камера

Пораката „Косово е срцето на Србија, стоп на насилството“, која ја напиша Новак Ѓоковиќ на камерата по победата во првото коло на „Ролан Гарос“ предизвика бурни реакции, но српскиот тенисер нема да биде казнет за постапката.

Министерката за спорт на Франција, Амели Удеа-Кастера, пораката на Новак ја оцени како неприкладна, политичка и милитантна. Според неа, ова не треба да се повтори, а за неа изјавите на украинските спортисти во врска со инвазијата на нивната земја не треба да се споредуваат со ова на Ѓоковиќ бидејќи Украинците ги бранеле човековите права, додека пораката на Србинот била милитантна и политичка.

Се јавија и од Олимпискиот комитет на Косово и бараат да бидат преземени чекори против Ѓоковиќ поради кревање политички тензии и го користел спортот за промовирање на српска националистичка пропаганда.

- Оглас -

Најнови вести