Француска политичарка побара на Бензема да му биде одземено државјанството и да му се поништи Златната топка

Француската политичарка Валери Бојер ја изненади тамошната јавност со барањето да биде одземено француското државјанство на Карим Бензема. Освен државјанството, оваа политичарка побара на Бензема да му биде одземена и Златната топка, која му беше доделена минатата година.

Ваквите екстремни барања на Бојер се поради изјавата која ја даде Бензема, со која фудбалерот застана на страната на Палестина во конфликтот со Израел. Политичарката Бојер тврди дека Бензема освен што вербално ја поддржа Палестина, тој имал и поврзаност со организацијата Муслимански браќа. Се работи за политички-религиско движење кое има мисија да ги воведе муслиманските закони низ целиот свет.

„Карим Бензема јавно застана зад Палестина, а министерот Жерлад Дарманин потврди дека е поврзан со организацијата Муслимански браќа. Потсетувам, се работи за политичко-религиско движење кое има мисија да ги воведе муслиманските закони низ целиот свет. Тоа е движење кое сака да ја снема демократијата. Ако зборовите на министерот навистина се точни, санкциите против Карим Бензема едноставно мора да има во брзо време. Прво треба да му се одземе Златната топка, а потоа и државјанството“, вели Бојер.

- Оглас -

Најнови вести