Француската тенисерка Ализ Корне му оддаде респект на Новак Ѓоковиќ по неговиот десетти триумф на Отвореното првенство на Австралија.
Ѓоковиќ во финалето кое се играше изминатиот викенд, во три сета со 6:3,7:6,7:6 го победи Стефанос Циципас.
„Иако тренирав со Каролин Гарсија, морав да го гледам машкото финале. Новак Ѓоковиќ е мутант и тоа полесно го разбирате ако сте тенисер. Не, тој доаѓа од друга планета. Навистина сум среќна што живеам во ерата на тенисери како Новак, Роџер и Рафа. Се надевам дека Рафа Надал ќе може да се бори со Новак во финалето на Ролан Гарос за 23-тиот гренслем-трофеј. Тоа би било неверојатно, во такво финале, победникот ќе дојде до 23-тиот трофеј“, изјави Корне.