26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Француската федерација не го одобрува договорот на тренерот Галтие со ПСЖ!

Фудбалската федерација на Франција, поточно комисијата за едукатори и тренери, не го одобри двегодишниот договор на Кристоф Галтие со Пари Сен Жермен, и ги стави Светците кои вечерва играат меч од првото коло, во непријатна позиција.

Проблемот е што 55-годишниот Галтие не ја обновил својата Про лиценца од УЕФА. Според правилата на тренерската асоцијација, секој тренер мора барем еднаш во три години да полага за добивање на сертификат. Галтие тоа ќе го направи во првата наредна прилика, веројатно во септември кога ќе има репрезентативна пауза.

Информациите од Франција се дека Галтие сепак нема да има проблем да го води тимот вечерва на дуелот со Клермон.

- Оглас -

Најнови вести