Француски доктор тврди дека глуждот на Нејмар е проблематичен

Ризикот од нова тешка повреда на стапалото на Нејмар е голем и тоа треба да го знаат клубовите кои сакаат да го откупат од Пари Сен Жермен, во прв ред Барселона и Реал Мадрид.

Преодниот рок се ближи кон крајот, многу се шпекулира околу судбината на Нејмар, кој сака по секоја цена да си оди од Париз, но засега Светците ги одбиваат сите понуди. Барса нудеше 80 милиони евра и Кутињо, но ПСЖ бара 100 милиони во кеш и двајца фудбалери (Кутињо и Семедо или Дембеле, а не Ракитиќ, кој бил понуден од Каталонците).

Докторот Ерик Ролан, кој е поранешен шеф на медицинскиот тим на ПСЖ, вели дека десното стапало на Нејмар има голема слабост и постои опасност од обнова на повредата ако наскоро се врати на фудбалскиот терен. Бразилецот првата тешка повреда на зглобот како играч на ПСЖ ја здоби во февруари 2018, а потоа во јануари годинава. Последните проблеми ги имаше летоска, на меч на Бразил со Катар, поради што ја пропушти Копа Америка.

„Стапалото му е многу тенко, ризикот за проблеми со петтата метатарзална коска е исклучително изразен“, вели доктор Ролан.

- Оглас -

Најнови вести