Француски политичар бара да биде откажан дуелот против Израел во Париз

Репрезентациите на Франција и Израел на 12 ноември во Париз треба да го одиграат меѓусебниот дуел од Лигата на нацииte, но овој натпревар уште од сега предизвикува голем интерес во јавноста.

Францускиот пратеник Бојар од радикалната опозициска партија „Ла Франс“ побара откажување на овој меч поради „бомбардирањата на Израел во Газа и Либан“. Тој смета дека овој меч не смее да се одржи, а Израел треба да биде суспендиран од ФИФА и УЕФА.

Сепак, министерот на внатрешни работи на Франција вели дека натпреварот ќе се одржи, а полицијата ќе ги преземе сите потребни мерки за да не дојде до инциденти, пред, за време и по завршувањеto на натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести